ОМД: Вајгл да се заложи за афирмација на Македонија, а не за тајни преговори

10.11.2017 10:48

ОМД бара од Брисел и од европаратеникот Вајгл да нема тајни разговори и да го заснова сопствениот легитимитет во средби на партиите во земјава...

Македонската Обединета дијаспора бара од Брисел и од европаратеникот Вајгл да нема тајни разговори и да го заснова сопствениот легитимитет во средби на партиите во земјава.

„Ве повикуваме во име на демократијата и вистинските Европски вредности наместо да се залагате за нетранспарентни и тајни преговори меѓу политичките партии далеку од јавноста во Македонија, да се заложите за афирмација на Македонската држава, народ, јазик и култура во институциите на ЕУ, и овозможување на Македонија да ги започне преговорите за влез во ЕУ“- стои во соопштението на Обединетата дијаспора.

Дијаспората ги предлага куќата на Блаже Конески во Небрегово или на Миладиновци во Струга. Со ова, според дијаспората ќе се почитува сувереноста на Македонија.

Дијаспората го повикува Вајгл да се заложи за афирмација на земјава, а не за тајни преговори на македонските партии.