Средба Пенс- Јилдирим во Вашингтон

10.11.2017 11:06

Меѓу темите на разговор беше и спорот за турскиот имам Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, а Анкара го обвинува за минатогодишниот обид за државен удар...

Потпретседателот на САД Мајк Пенс, на средбата со турскиот премиер Бинали Јилдирим, изрази „длабока загриженост“ поради апсењата на американски граѓани и локалниот персонал во американските дипломатски мисии во Турција, како и на новинари и други лица во услови на вонредна состојба.

Меѓу темите на разговор беше и спорот за турскиот имам Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, а Анкара го обвинува за минатогодишниот обид за државен удар во Турција.