Катар: За првпат именувани жени во Државниот совет

10.11.2017 11:30

Емирот именувал вкупно 28 нови членови на Советот во период на политички превирања поради дипломатското и трговското ембарго од страна на Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин.

Катар за првпат именуваше жени во Државниот совет. Емирот именувал вкупно 28 нови членови на Советот во период на политички превирања поради дипломатското и трговското ембарго од страна на Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин.

Промени се случуваат и во соседна Саудиска Арабија, каде што паралелно со апсењето на десетици принцови и поранешни и сегашни министри од страна на принцот Мухамед бин Салман, беше донесен декрет со кој се укинува забраната за жените да возат.