Институтот за македонски јазик 19 години без нови вработувања

10.11.2017 14:27

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од 13 до 17 ноември, организира отворени денови во кои ќе се одржи и меѓународна конференција на тема „Минатото на јазичниот свет денес и утре“ на која ќе земат учество и еминентни професори од земјава и странство. Директорката на институтот Јованова- Грујовска вели дека е потребна поголема поддршка за оваа институција и вработување...

На Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ му се потребни финансиска помош и поддршка за реализирање на предвидените проекти за унапредување и проучување на македонскиот јазик. Цели 19 години немало ново вработување, а е потребен подмладок, вели директорката Јованова- Грујовска.

Вели дека тие како Институт заостануваат зад другите и според неа време е да ги стигнат колегите од славистичкиот свет. 

Граматиката, лексикологијата, фразеологијата, историјата на македонскиот јазик во споредба со другите словенски и несловенски јазици ќе бидат дискутирани со еминенти професори од земјава и странство на меѓународната конференција која ја организира институтот во рамките на отворените денови.

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ воздржан за став за предлог- законот за јазиците кој е во собраниска процедура.

 

Викторија Милевска