Денови на Тиват во Скопје

10.11.2017 15:22

Во овие постудени денови, топлина ни донесоа популарните мажоретки од црногорското крајбрежје. Дефилираа низ улицата „Македонија“ и секако предизвикаа завиден интерес меѓу граѓаните...

Со свечено дефиле во центарот на Скопје, поблиску до традицијата во Тиват. Градот - туристички центар, станува препознатлив по големите инвестиции. „Кој и да се реши да дојде еднаш, ќе се врати повторно“, вели градоначалничката Снежана Матиевиќ.

„Сакаме да се прикажеме во најдобро светло, и да ги претставиме Тиват и Црна Гора во Македонија. Сакаме да ви ги претставиме нашите туристички понуди, нашите инвеститори, големите инвестиции што во моментов се случуваат во нашиот град, и на тој начин да ги повикаме сите луѓе да дојдат во Црна Гора и да се чувствуваат убаво“, изјави Снежана Матиевиќ, градоначалник на Општина Тиват.

Скопјани велат дека ова е добар начин за интензивирање на туризмот. Манифестацијата ја организираа црногорската амбасада, општината Тиват, тамошната туристичка организација на Тиват и општината Центар.

„Нашите две пријателски држави немаат ниедно отворено прашање и ова сега е нешто посебно што придонесува за економската соработка помеѓу нашите две држави. Дојде голема екипа од 60 луѓе кои прават спектакл овде, презентации на своите понуди, не само во туристичка смисла, туку и во културна смисла“, рече Предраг Митровиќамбасадор на Црна Гора во Македонија.

Со одржа и бизнис- форум. Целта е да се поттикне соработката меѓу двете земји во областа на туризмот, но и во прехранбениот сектор.

На двата штанда коишто се поставени на улица „Македонија“ може да се видат промотивни материјали за туристичките потенцијали на општина Тиват, како и ракотворни и автентични сувенири.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска