5,4 милиони евра за регионален развој

10.11.2017 15:07

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу истакна дека поради огромните развојни разлики и несоодветниот одговор на енормното растење на Скопје, за сметка на внатрешноста која се празни, многу граѓани се соочуваат со недостаток на елементарни услови во секојдневно живеење.

Анализа за трошењето буџетски средства по региони, пари за ранливите категории граѓани, реализација на иновативни и инфраструктурни проекти. Ова се трите компоненти на проектот за регионален развој. Го реализираат Македонија и Швајцарија со 5,4 милиони евра, од кои речиси 3,7 милиони се грант.

Очекуваме пред се да постигнеме повисоко ниво на транспарентност и преглед на средства кои се распределуваат преку Владините програми за имплементација на проекти, а со тоа да добиеме и јасна слика колку средства во кој регион се вложуваат, што пак ќе придонесе кон идни чекори и планирањето на средства за рамномерен регионален развој, изјави вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу истакна дека поради огромните развојни разлики и несоодветниот одговор на енормното растење на Скопје, за сметка на внатрешноста која се празни, многу граѓани се соочуваат со недостаток на елементарни услови во секојдневно живеење.

Швајцарската Влада ја поддржува политиката на рамномерен регионален развој во Република Македонија од 2012 година.