Од понеделник продолжува расправата за Законот за јазиците

10.11.2017 16:32

Собранискиот спикер има идеја нацрт- законите пред да влезат во собраниска процедура да ги даде на разгледување на опозицијата, за и тие да реагираат, со што би се постигнал конструктивен пристап во носењето на законите.

Од понеделник продолжува расправата за измените во Законот за јазиците, брифираше првиот парламентарец Талат Џафери, кој ја соопшти и проекцијата за носење на законите до крајот на годинава.

Собранискиот спикер има идеја нацрт- законите пред да влезат во собраниска процедура да ги даде на разгледување на опозицијата, за и тие да реагираат, со што би се постигнал конструктивен пристап  во носењето на законите.

До крајот на годинава тоа што може да се предвиди, вели Џафери, се седница за избор на нови министри во владата, нов јавен обвинител, ратификација на Договорот со Бугарија, за што не очекува опструкции, и годишното обраќање на претседателот  Ѓорге Иванов.