Експропријацијата- кочница за гасификацијата

14.11.2017 16:02

Експропријацијата на земјиштетото е клучен проблем во изградбата на гасоводниот систем. Во буџетската каса се предвидени две милијарди и 190 милиони денари, односно за 300 милиони повеќе од лани, вели министерот Сугарески. На адреса на Министерството за транспорт и врски низа забелешки од бизнис заедницата за примена на Законите во градежништвото. Коморите бараат учество во креирањето на прописите.

Експропријацијата на земјиште ја кочи изградбата на гасоводниот систем и поврзувањата на кракот Неготино- Битола. Со две милијарди 190 милиони денари од буџетската каса ќе се турка проектот во 2018- тата. Најголем дел од парите ќе се одлеат за решавање на проблемите со сопственоста на земјиштето низ кое минува трасата- тврди министерот Сугаревски.

„Има сериозен проблем на кракот за поврзување од Неготино до Битола, во делот пред Прилеп, каде се регистрирани огромен број експропријации, а ист е случајот и кон Тетово. Добар дел од средствата што се предвидени за гасификацијата се однесуваат за експропријацијата на земјиштето која треба да се направи со цел да се излезе побргу од таа работа и да може да се догради гасоводниот систем“ – вели министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Следната година за 310 милиони евра е потешка касата за реализација на националниот гасоводен систем. Се работи на повеќе од 200 километри. Завршена е трасата Клечовце- Штип. Во фаза е изградбата на правците кон Неготино до Битола која заедно со потегот Скопје- Тетово- Гостивар се финансираат со заемот од Дојче Банка и Ерсте груп банката. Во буџетот на Министерството за транспорт, 50 милиони денари се проектирани и доизградба на Жичницата. Веќе трета година пари има, а проектот остана во првата фаза, на изградениот потег од Врвот до Средно Водно.

Бизнис заедницата на адреса на Министерството достави низа забелешки на законите за градење и градежно земјиште. Неспроведени, а веќе решени судски спорови, проблеми со впишување на сопственоста. Проблем практичната примена и чести корекции заради лични интереси- посочуваат коморите.

„Законите во Македонија на некој начин се добри, но ќе треба подобро да се применуваат. Имаме барање од компаниите да нема чести промени на законите кои го отежнуваат нивното секојдневно работење“, вели Неби Хоџа, претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Формирано тело, преставници од државните институции, коморите, академската јавност, невладиниот сектор ја чешлале регулативата. Од транспорт велат, законот за градење бил променет 27 пати. Точно ќе се утврдува каде да се насочат реформите за приспособлиба регулатива според стандардите и потребите на фирмите, тврди министерот Сугарески.

Сузана Фиданска Стоевска