Нов закон за медиуми

Независни медиуми и регулаторни тела како дел од демократизација на општеството

14.11.2017 16:31

Обезбедување независни медиуми и регулаторни тела како дел од демократизација на општеството – делегација на ОБСЕ на средба со владини претставници. Се очекува во новиот Закон за медиуми, кој по дебати со фелата и експертите е ставен на увид на јавноста, да бидат вметнати најдобри решенија за професионализација.

Со новиот Закон за аудио и аудиовизуелни услуги до професионализација на медиумите и регулаторните тела- претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Харлем Дезир на средби со владини претставници. Со законот ќе се дефинира работата на Јавниот сервис, приватните медиуми и на надлежната агенција.

Во изготвувањето на финалната верзија на предлог Законот за аудио и аудиовизуелни услуги ќе бидат вклучени сите засегнати страни. Министерот Манчевски вели дека мотори на медиумските реформи треба да бидат медиумските работници.

Владата нема да иницира промени во Законот за медиуми со кој би се регулирала работата на порталите.

 

Дијана Ценевска