„Бракот е брак“ премиерно во Театар Комедија

15.11.2017 10:47

Според режисерката Беговска, претставата обработува цел еден процес на правење претстава, проблематики на режисерот, на актерите, на театарот како институција, видени низ ликот на директорот.

Премиера во Театар Комедија. Ќе биде изведена претставата „Бракот е брак“ на режисерката Теа Беговска, работена според просидба од Антон Павлович Чехов.

Ова е трета премиера од отворањето на новата сезона на Театар Комедија. Според режисерката Беговска, претставата обработува цел еден процес на правење претстава, проблематики на режисерот, на актерите, на театарот како институција, видени низ ликот на директорот.

Театарската екипа ја сочинуваат Роберт Ристов, Столе Мицов, Ева Скендеровска, Ердоан Максут и Миа Кантарџиева. Музиката е на Енес Беговски, сценографијата на Сергеј Светозарев, а костимографијата на Марта Дојчиновска.