Национална награда

Општествено одговорните фирми се попрофитабилни

15.11.2017 16:18

Општествено одговорните компании остваруваат зголемен профит за два до три насто, наспроти својата конкуренција. Сѐ повеќе фирми во Македонија го практикуваат одговорното дејствување. Наградени се 250 во пет области...

Фирмите што прават профит мора да се грижат за општетсвото и заедницата во која остваруваат бизнис. Анализите покажуваат, општествено одговорните компании остваруваат за два до три насто подобар финансиски резултат од конкурентите. Се зголемува нивната активна улога во заштита на животната средина, управувањето со човечките ресурси – оценија учесниците на доделувањето на Националната награда. Најдобрите велат, признанијата се обврска и поттик.

Со вложувањето во општествената одговорност се инвестира во конкурентоста, практиките се предуслов за работа и извоз на странските пазари, премиерот Заев го повика деловниот сектор да одговори на потребите на заедницата, за возврат да добие мотивирани работници, напредок во бизнисот.

На конкурсот за Националната награ се пријавиле 10 мали и средни фирми, 24 големи претпријатија. 34 проекти во конкуренција, најмногу во управувањето со човечките ресурси, недостигаат иницијативи од компаниите за конкретни активности и партнерски деловни релации кон подобрување на животот на граѓаните.

„Првпат аплицираа осум претпријатија, или 32 проценти од вкупниот број, што, говори дека интересот на фирмите за учество во наградата од година во година се зголемува. Ова покажува дека концептот на општествена одговорност станува составен дел на работењето на одговорните субјекти во Македонија по примерот на европските“, рече министерот за економија Крешник Бектеши.

Од Европската унија апел до Владата да развива иновативни мерки за стимулацијата на општестевната одговорност на претпријатијата.

„Општестевната одговорност на компаниите мора да биде предводена од нив самите, но властите имаат значителна улога во процесот преку паметно комбинирање на мерки за волонтерски политики и кога е потребно и комбинирање на одредени регулативи“, посочи евроамбасадорот Семуел Жбогар.

Компаниите во иднина да покажат поголема иновативност во соработката со граѓанските организации- потенцијал има.

„Низ политиките и искористување на потенцијалот може да дојдеме до економски раст, но тоа мора да го правиме на одговорен и чесен начин“, изјави Миле Бошков, Конфедерација на работодавачи.

Националната награда за одговорни општестествени компании се доделува 10 години по ред, аплицирале 170-ина фирми со 540 проекти, наградени биле повеќе од половина.

Сузана Фиданска Стоевска