Големите компании почнаа со откуп на тутунот

16.11.2017 14:27

Големите претпријатија денеска го почнаа откупот на тутунот во земјава, меѓу кои и Прилепскиот Тутунски комбинат. Годинашнава реколта е помала, но поквалитетна. Побарувачката е голема, зошто реколтата е тешка околу 22.000 тони, а откупувачите побаруваат преку 26.000 тони тутун. Тутунарите очекуваат да постигнат повисока просечна цена од ланската...

Големите фирми ги отворија пунктовите за откупот на тутунот во земјава. И на вагите на Прилепскиот Тутунски комбинат почна процената на трудот и маката на тутунарите. Од денеска, шест од девет лиценцирани откупувачи отворија 149 пунктови. Инспекторатот е на теренот.

Родот се проценува на околу 22.000 тони, а откупувачите побаруваат над 26.000 тони тутун. Со голема побарувачка и висок квалитет на тутунот, се очекува повисока просечна цена од ланската.

Прилепскиот Тутунски комбинат ќе ги откупи договорените преку 2.800 тони,а ќе се исплаќа во рок од три дена.

Крајниот рок за почеток на откупот е 15-ти декември.

 

Елизабета Митреска