Претприемништво

Малите и средни компании клучни за економијата

17.11.2017 15:27

Фондот за иновации и технолошки развој покрај стартапите и микро компании, финансиската поддршка ќе ја проширува и на малите и средни претпријатија. Следниот јавен повик ќе биде проширен на поголем број компании, велат од Фондот. Целта е да се обезбедат иновативни проекти за да се отворат нови работни места. Развојот на иновации ќе биде поддржан и од локалната самоуправа...

Фондот за иновации и технолошки развој ја проширува финансиската поддршка и на малите и средни компании. Покрај старт- ап и микро компаниите, на следниот јавен повик на Фондот можност ќе добијат и претпријатијата кои остваруваат годишен приход поголем од еден милион евра. Се зголемува и финансиската поддршка за идната година која ќе изнесува од 15 до 20 милиони евра.

Поддршката на иновативните компании е значајна, вели универзитетскиот професор Рафајловски, не само за претпријатијата туку и за економијата и за отворањето на нови работни места.

Технолошките паркови се еден од инструментите за поддршка, малите старт- ап претпријатија кои се иновативни, високотехнолошки и ризични се особено важни за развивање на конкурентни економии менаџерот на „Технолошки парк Белград“.

Во фокусот на Европската недела на мали и средни претпријатија беше потенцирана локалната самоуправа како фактор кој може да влијае на развојот на малите и средните претпријатија и воопшто на претприемништвото.

 

Дијана Ценевска