СКМ

Просечната старосна граница на сметководителите е 55 години

20.11.2017 13:30

Сметководството треба да се издигне на многу повисоко ниво, да се третира како професионална, аналитичка професија, што на бизнисот ќе му овозможи носење соодветни, менаџерски одлуки, рече Анета Трајковска, директор во Стопанската комора на Македонија.

Да не вршат само класичен внес и контрола на деловните трансакции, туку да ги проучуваат и да ги анализираат предностите и недостатоците. Сметководителите бараат професијата биде во тренд со дигиталните технологии.

Просечната старосна граница е 55 години. Од вкупниот број, 24 отсто се на возраст до 35 години, додека преку 51 процент надминуваат 55 години, алармира Стопанската комора.

Сметководството треба да се издигне на многу повисоко ниво, да се третира како  професионална, аналитичка професија, што на бизнисот ќе му овозможи носење соодветни, менаџерски одлуки, рече Анета Трајковска, директор во Стопанската комора на Македонија.

Според Ленче Папазовска од Сојузот на сметководители, сметководителите треба да ги следат сите промени, особено во законската регулатива, да стекнат знаења за анализа на финансиските извештаи, да имаат проактивна улога.

Комората на прес-конференција информира и дека до Владата е доставена иницијатива за превод на сите меѓународни стандарди за финансиско известување, што претрпеле промени од 2009 година наваму.