Сметководството тешко се подмладува, да се подигне нивото

20.11.2017 16:45

Да не вршат само класичен внес и контрола на деловните трансакции, туку да ги проучуваат и да ги анализираат предностите и недостатоците. Сметководителите бараат професијата да биде во тренд со дигиталните технологии. Просечната старосна граница е 55 години...

Ако не се подигне нивото на професијата, за максимум седум години, ќе нема избор на сметководители во Македонија. Со просечна возраст од 55 години и 75 насто жени, сметководството мака мачи да привлече млади кадри. Од Здружението велат, има погрешно мислење дека овие лица седат во канцеларија, само внесуваат деловни трансакции и ги доставуваат до УЈП.

„Само 24 насто од вкупниот број се колеги кои се до 35 годишна возраст, стучно и научно да ги разгледуваат финансиските извештаите и нивна анализа, подобрување на комуникацијата со свои клиенти, нивната улога да биде проактивна а не само да се сведе на внес на податоци“, вели Ленче Папазовска, претседател на ИО на Стопанската комора на Македонија.

Во земјава има речиси 7.200 сметководители, 1.220 трговски сметководствени фирми. Работата според стандардите од пред 15 години и законски корекции од 2008- мата. Да се уреди статусот, примената на дигитални платфорни и мобилни апликации, сметководството да прави подетални анализи во служба на менаџерските одлуки- бара и бизнис заедницата. Така ќе се надмине и проблемот со возрасната структура.

Проблем е тоа што мал е бројот на млади кои прифаќаат да се занимаваат со сметководство. Дополнително сметководството како професија сè уште не е доволно регулирано. Сметководството треба да се издигне на многу повисоко ниво, да се третира како професионална, аналитичка професија, што на бизнисот ќе му овозможи носење соодветни, менаџерски одлуки“, вели Анета Трајковска, Стопанска комора на Македонија.

Нелојалната конкуренција- рак рана. Надеж- договорот со Централниот регистар, годишните сметки и консолидирани финансиски извештаи да ги поднесуваат исклучиво овластени сметководители, вработени во фирма или лиценцирани друштва.

Сузана Фиданска- Стоевска