Ѓоковиќ се враќа на терените на 1-ви јануари

21.11.2017 11:26

Србинот моментално се наоѓа на 12 место на АТП ранг листата.

Поранешниот најдобар светски тенисер Новак Ѓоковиќ, по опоравувањето од повреда на раката, официјално на теренот ќе се врати на 1 јануари 2018 година на турнирот во Доха, објавија организаторите.

Србинот моментално се наоѓа на 12 место на АТП ранг листата.

Турнирот во Доха се игра од 1 до 7 јануари.

Учеството покрај Ѓоковиќ од попознатите тенисери го потврдија: Доминик Тим, Пабло Каренжо-Буста, Томас Бердих.