Гигантот „Гугл“ против руските медиуми

21.11.2017 11:34

На меѓународниот безбедносен форум „Халифакс“ во Канада, Шмит потенцира дека постои пропаганда чиишто содржини не треба да стигнат до јавноста.

Извршниот директор на компанијата „Алфабет“, мајка- компанија на пребарувачот „Гугл“, Ерик Шмит изјави дека со посебни алгоритми, вестите на „Раша Тудеј“ и „Спутник“ ќе бидат помалку достапни.

На меѓународниот безбедносен форум „Халифакс“ во Канада, Шмит потенцира дека постои пропаганда чиишто содржини не треба да стигнат до јавноста.

„Раша Тудеј“ упати критики за најавениот потег на „Гугл“.