37,5 милиони евра од ЕУ за вработување, образование и социјална инклузија

21.11.2017 12:59

Почетокот на кампањата беше означен во ЕУ Инфо- центарот, каде освен Хан, обраќања имаа и амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министрите за труд и социјална политика и за финансии Мила Царовска и Драган Тевдовски.

Европската унија ќе одвои 37,5 милиони евра за нови вработувања, за унапредување на образованието и за социјална вклученост на различните групи население. Тоа се средства обезбедени од претпристапните фондови на Унијата, информираше еврокомесарот Хан, претставувајќи го почетокот на кампањата „Веруваме во тебе, вложуваме во тебе, ЕУ за тебе“. Со министри од владата, Хан ја посети и Агенцијата за вработување, а во Европскиот инфо- центар пристигна со автобус на Унијата.

Почетокот на кампањата беше означен во ЕУ Инфо- центарот, каде освен Хан, обраќања имаа и амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министрите за труд и социјална политика и за финансии Мила Царовска и Драган Тевдовски.

Во Предлог- буџетот за 2018 се предвидува скоро една милијарда денари за активни мерки за вработување, што е значајно повеќе во споредба со просекот од претходните години. Активните мерки за вработување се добар пример за комплементарноста на политките на ЕУ и националните политки на Владата на РМ, истакна министерот за финансии Тевдовски, посочувајќи дека Министерството за финансии е целосно насочено кон спроведување на европските реформи како транспарентноста во управување со јавните финансии и долгорочно планирање.