Лондонските автобуси возат на гориво од кафе

21.11.2017 15:24

Британската компанија Баобин која е производител на БИ-20 соопшти дека има произведено доволно гориво за автобусите за една година.

Двокатните автобуси во Лондонд од вчера возат на ново биодизел гориво произведено од кафе. Лондонските власти сметаат дека употребата на новото биогориво ќе придонесе за намалување на загадувањето во Лондон за 50 проценти.

Британската компанија Баобин која е производител на БИ-20 соопшти дека има произведено доволно гориво за автобусите за една година.

Во Лондон годишно се собираат околу 200 илјади тони талог од кафе. 9.500 лондонски автобуси веќе користат биогориво од отпадоци од масло за готвење и месо.