Сиријските бегалци, шират болести во Европа

04.11.2013 15:55

Реката сириски бегалци не престанува да се влева во Турција

Ја поминуваат границата среде глува ноќ, на прсти низ минските полиња, низ бодликавите жици. Заради бебето што го држат во рацете, во потрага подобра иднина во Европа. Но бебето е заразено. Не било вакцинирано поради војната. Светската здравствена организација потврди 22 случаи на полио, болест одамна искоренета во западниот свет. Европа и соседните земји го вклучија алармот.
Оливер Розенбауер, Светска здравствена организација.
 
Ова е заразна болест и со преселбите на населението може да се префрли и во други области. Да, постои опасност да се рашири во регионот.
Полио, сипаници, туберкулоза. Случаите во Сирија и Израел ги загрижија здравствените авторитети дека болеста пак ќе се увезе во Европа, која го спушти гардот по речиси 100-процентно успешната борба.
 
Оливер Розенбауер, Светска здравствена организација.
 
Сирија и соседните земји се под надзор за тешки случаи на парализа, но не ни се познати дополнителни жаришта.
Според мапата на Светската здравствена организација, Македонија спаѓа во земјите со низок ризик, за разлика од Германија и Велика Британија, кои се средноризични. Но во нашето најнепосредно соседство, Романија, Босна и Херцеговина и Бугарија се под црвен аларм. Во бугарското село Телиш, жителите го блокираа меѓународниот пат Софија-Плевен-Русе. Не дозволуваат отворање на бегалски центар во поранешната воена база. Се плашат од дојденците и болестите што ги носат со нив. Решението е вакцинација, со инјекција или орална. Првата ја користат земјите во кои нема полио, но контраиндикација е ширење на вирусот преку фекалии. Втората се користи во случаи на епидемија, но во ретки случаи и самата предизвикува полио