Саем на иновации

Иноватори: Од изум до патент, пат од минимум пет години

21.11.2017 16:13

Прв саем на иновации и патенти во Македонија. Има повеќе од 70 излагачи од 11 земји. Заклучено е дека земјава има иновативен потенцијал, но недоволно е искористен...

Сами пронаоѓаат, но и сами инвестираат идејата да ја претворат во прототип, да си најдат место на пазарот. Македонските иноватори создаваат изуми и патенти, ги познаваат во меѓународните кругови, но за нивните малку знае домашната јавност. Статистиката говори, во изминатите три децении регистрирани се над 13.500 патентирани решенија, изуми, иновации. Најголем дел во електрониката.

Живко Ширковски има дванаесетина, сите меѓународно наградени. Од пронајдок до патент, му требале минимум пет години, исто толкав период да го развие и имплементира производот во пракса.

„Македонија располага со респектабилен иновативен потенцијал, но недоволно искористен и афирмиран. МАКИНОВА, ЕКОНОВА, Странски иновациски саеми, само е добра прилика, да се престават пронајдоците. Најтешко е да се најде стабилен партнер, пари, подршка од државата. Поради немање услови за експериментирање, поради неизвесноста сали на пазарот му е потребен, не секој изум завршува на патот кон успехот“, вели иноваторот Живко Ширковски.

„На некој од пронаоѓачите му се случува, ќе работи една година и ќе утврди дека го има пронајдокот, а за техничкото решение основна пречка се финансиите, за прототип се потреби повеќе од 20 пати финансии отколку за производ“, вели Мирко Узелац, директор на Саемот за иновации.

Повеќе од 70 излагачи од 11 земји од кои 20 од Македонија, се претставуваат на првиот Меѓународен саем на иновации, патенти и нови технологии „ИНОВАМАК 2017“. Го организира Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија.

 

Сузана Фиданска Стоевска