Романија: Замрзант имотот на лидерот на владејачката партија

22.11.2017 10:43

Драгнеа е осомничен за организирање на криминална група и за фалсификување на документи со цел за добивање на фондови на ЕУ.

Романската Агенција за борба против корупција го замрзна имотот на лидерот на владејачката Социјалдемократска партија, Ливиу Драгнеа под сомнение за злоупотреба на фондовите на Европска унија. Вредноста му е проценета на 27,4 милиони евра.

Драгнеа е осомничен за организирање на криминална група и за фалсификување на документи со цел за добивање на фондови на ЕУ.

Тој наведе дека истрагата е политички мотивирана и се спроведува во време кога неговата партија настојува да го реформира правосудниот систем на Романија.