Зимбабве

Наследникот на Мугабе ќе положи заклетва

22.11.2017 11:03

Според американскиот Стејт Департмент, народот на Зимбабве сака „нова ера“ и крај на меѓународната изолација по оставката на претседателот Роберт Мугабе.

Наследникот на Роберт Мугабе, поранешниот потпретседател на Зимбабве, Емерсон Мнангагва треба да положи заклетва. Ќе биде на чело на државата до претседателските избори идната година.

Според американскиот Стејт Департмент, народот на Зимбабве сака „нова ера“ и крај на меѓународната изолација по оставката на претседателот Роберт Мугабе.

САД повикаа на безусловно почитување на владеењето на законот и спроведување на утврдените демократски правила.