САД: Во воздушен напад во Сомалија убиени над 100 екстремисти од Ал Шабаб

22.11.2017 11:35

САД годинава изведоа повеќе воздушни напади во Сомалија...

Американската армија соопшти дека во воздушен напад во Сомалија убила повеќе од 100 екстремисти од групата Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда.

САД годинава изведоа повеќе воздушни напади во Сомалија, како резултат на одлуката на администрацијата на американскиот претседател Трамп да ја прошири воената операција против екстремистите во областа.