Комапнии

Потенцијалните инвеститори вршат увид во „Фени“

22.11.2017 12:07

За комбинатот има три заинтересирани инвеститори, а се јавуваат и нови. Банкарите не ја исклучуваат можноста и бугарски „Енекод“ да даде понуда доколку ги исполни бараните услови.

Заинтересираните потенцијални инвеститори за „Фени индустри“ и претставници од трите банки најголеми доверители, го почнуваат увидот во состојбата на комбинатот. Целта е да се направи план за реорганизација.

За комбинатот има три заинтересирани инвеститори, а се јавуваат и нови. Банкарите не ја исклучуваат можноста и бугарски „Енекод“ да даде понуда доколку ги исполни бараните услови. Од потенцијалните инвеститори се бара да имаат најмалку 20 милиони евра за финасирање на стечајната постапка, за обртни средства и за намирување на минималните обврски кон банките и кон доверителите.

„Фени“ има долгови од околу 60 милиони евра од кои 40 милиони се кон банките, а останатите на повеќе други помали доверители. На 29-ти ноември во Велешкиот суд е закажано ново рочиште за стечајната постапка.