Објавена снимка од бегство на севернокорејски војник

22.11.2017 15:20

Од снимките се гледа како војниците од територијата на Северна Кореја пукаат во него и го гонат, додека јужнокорејските војници го спасуваат.

Командата на Обединетите нации под водство на САД, објави видеоснимка од бегството на севернокорејскиот дезертер преку границата со Јужна Кореја. Од снимките се гледа како војниците од територијата на Северна Кореја пукаат во него и го гонат, додека јужнокорејските војници го спасуваат.

Од Командата велат дека Северна Кореја го прекршила договорот за примирје со кој заврши Корејската војна, со тоа што војници на таа земја пукале преку границата и физички ја преминале во потерата по пребеганиот војник.

Дезертерот ранет бил донесен во болница, каде што му биле извршени две хируршки интервенции.