Европа

Политичка криза во Германија: Продолжуваат консултациите со партиите

22.11.2017 15:43

Претседателот Штајнмајер ги продолжи консултациите со најголемите партии.Шулц одбива да влезе во широка коалициска влада и бара оставка од Меркел...

Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмајер денеска ги продолжи консултациите со претставниците на најголемите партии, по што треба да реши дали ќе назначи нов мандатар или ќе распише нови избори во Ггерманија.

„Во наредните денови ќе разговарам со сите партии и со сите учесници во преговорите за коалициска влада. Можеби ќе се формира мнозинство. Исто така, ќе се консултирам со спикерот на Долниот дом и портпаролот на Горниот дом од Парламентот. Луѓето во Германија и во соседните европски држави се загрижени што политичарите во најмоќната држава бегаат од одговорност“, изјави германскиот претседател Штајнмајер.

Германскиот претседател веќе се изјасни дека е против нови избори. Штајмајер како поранешен член на Социјалдемократите, на денешната средба со актуелниот лидер Мартин Шулц  не дошле до компромис. Шулц одбива да влезе во широка коалициска влада што би ја предводела Ангела Меркел и бара нејзина оставка.

„Сите партии знаат дека треба да ги почитуваат барањата на својата партија. Ако се формира коалиција преку уцена на некоја личност, тоа не е добро. Ова е одлука само на Социјалдемократите“, изјави Меркел.

Германскиот претседател сега има седум дена да реши дали ќе ѝ нареди на Меркел да формира малцинска влада или да назначи нов мандатар или да распише нови избори. Меркел како лидер на Демохристијаните сака да има нови избори.

 

Ирина Гелевска