Финансии

ММФ бара фискална консолидација и намалување на дефицитот

22.11.2017 16:40

Директорите на бордот на ММФ ја истакнуваат потребата од фискална консолидација. Тие ја поздравуваат намерата на македонските власти постепено да го намалат вкупниот дефицит до 2% од БДП на среден рок, но истакнуваат тоа да се потпира на трајни мерки.

По продолжен период на неизвесност, Република Македонија треба да продолжи со реформите на даноците и на пазарот на трудот, да ги намали ненеманеските субвенции и подобро да управува со своите јавни финансии, се вели во објавениот извештај на Меѓународниот монетарен фонд за Република Македонија, чија мисија неодамна ги заврши разговорите околу членот 4 во Скопје.

Директорите на бордот на ММФ ја истакнуваат потребата од фискална консолидација. Тие ја поздравуваат намерата на македонските власти постепено да го намалат вкупниот дефицит до 2% од БДП на среден рок, но истакнуваат тоа да се потпира на трајни мерки.

ММФ препорачува зајакнување на даночната администрација и зголемување на оданочувањето на имотот и на енергијата за да се зголемат приходите. Во исто време, бордот ја забележува важноста на подобрувањето на ефикасноста на трошењата преку рационализација на субвенциите и подобро насочување на социјалните трошоци и обезбедување одржливост на пензиите.

ММФ ги поддржува властите во планирањето да го зајакнат управувањето со јавните финансии и да ја зголемат транспарентноста, се вели во денешното соопштение на ММФ од Вашингтон.