Еквадор го прекори Асанж за поддршката за Каталонија

23.11.2017 11:40

Од 2012 година, Асанж живее во амбасадата на Еквадор во Лондон, со цел да избегне апсење од британската полиција по налог распишан од Шведска за обвинение за силување.

Властите на Еквадор побараа од основачот на Викиликс, Џулијан Асанж да прекине со политички изјави, кои би ги нарушиле нивните односи со други држави.

Од 2012 година, Асанж живее во амбасадата на Еквадор во Лондон, со цел да избегне апсење од британската полиција по налог распишан од Шведска за обвинение за силување.

Според него, мотивите на налогот за апсење е со цел да им биде предаден на САД, каде би одговарал поради тајни податоци објавени од страна на Викиликс.