Ердоган наскоро ќе ја посети Атина

23.11.2017 12:33

Турција и Грција имаат неколку отворени прашања, меѓу кои спорот за водна територија и за воздушен простор во Егејско Море, Кипарското прашање...

Турскиот заменик- премиер Хакан Чавушоглу, најави дека претседателот Ердоган во наредните денови планира да ја посети Грција. Чавушоглу рече дека патувањето ќе биде многу важно за соработката помеѓу двете држави.

Турција и Грција имаат неколку отворени прашања, меѓу кои спорот за водна територија и за воздушен простор во Егејско Море, Кипарското прашање, како и претпоставката дека Атина им пружа засолниште на членовите на организацијата ФЕТО, која Анкара ја обвинува за минатогодишниот неуспешен обид за воен удар.