Царовска: Нема да се зголеми старосната граница за пензионирање

23.11.2017 12:40

Владата најодговорно тврди дека ќе се грижи за достоинствена пензија на сегашните пензионери, но и за достоинствена пензија на идните пензионери што е дискусија што заеднички ќе ја отвориме и ќе дискутираме, рече министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Последно решение за Фондот за пензиско осигурување е зголемување на старосната граница. Сега, монетарците се залагаат за стабилизирање на овој Фонд- изјави ресорната министерка. Ќе се изготви акционен план за да се утврдат законските измени.

Владата најодговорно тврди дека ќе се грижи за достоинствена пензија на сегашните пензионери, но и за достоинствена пензија на идните пензионери што е дискусија што заеднички ќе ја отвориме и ќе дискутираме, рече министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Не е единствено решение зголемување на старосната граница. Тоа е последното решение што треба да се преземе, навистина во Македонија има други работи што треба да се надминат во системот. Тоа е можеби идно долгорочно, но не размислуваме за тоа, сега има и други мерки што ќе ги преземеме и ќе бидат јавно објавени, изјави Царовска.

Царовска рече дека ги почитуваат препораките на ММФ, но нивните препораки не се да се укине бенефицираниот стаж и не се да се зголеми старосната граница.