ЕЛЕМ ќе користи пронајдок на македонски студенти

23.11.2017 13:45

Сензорот за мерење соларна енергија ќе биде користен при изборот на оптимална локација за фотоволтаична централа со моќност од 10 мегавати. Уредот ќе биде комерцијализиран најпрвин во земјава, а потоа ќе биде пласиран и на странскиот пазар.

Електрани на Македонија прва ќе го примени пронајдокот на тимот млади студенти кои беа наградени на глобалниот натпревар на американската вселенска агенција НАСА. Сензорот за мерење соларна енергија ќе биде користен при изборот на оптимална локација за фотоволтаична централа со моќност од 10 мегавати. Уредот ќе биде комерцијализиран најпрвин во земјава, а потоа ќе биде пласиран и на странскиот пазар.

Со одлука на УО на АД ЕЛЕМ ќе ги поддржиме младите пронаоѓачи со одредена финасиска сума  која ќе биде спонзорство од компанијата за да продолжат понатаму со подобрување и усовршување на нивниот изум во периодот додека тој се користи од наша страна. При тоа ќе ја следат неговата ефикасност и ќе бидат на терен вклучени во неговата примена, изјави генералниот директор и претседател на УО на АД ЕЛЕМ Драган Миновски.

Тој посочи дека ЕЛЕМ како државна компанија ќе стори се што може за да ги поддржи младите пронаоѓачи да креираат и од тоа да имаат бенефит и тие, но и државата.