Русија се вклучува во потрагата по аргентинската подморница

23.11.2017 15:19

Кога го пријавиле дефектот се наоѓале на 300 километри од крајбрежјето...

Рускиот претседател Владимир Путин нуди помош во операциите за потрага и спасување на екипажот од исчезнатата подморница на Аргентина. Кога го пријавиле дефектот се наоѓале на 300 километри од крајбрежјето.

Подморницата е изградена во Германија, има кислород за една седмица. Во потрагата се вклучија и тимови од САД, Велика Британија, Чиле и Бразил.