Зимбабве

Мнангагва ќе ја преземе должноста претседател

24.11.2017 10:20

Мнангагва е поранешен близок соработник Мугабе, но досегашниот претседател на почетокот на месецов го разреши од функцијата потпретседател под обвинение за „нелојалност“, откако влезе во отворен конфликт со неговата сопруга Грејс Мугабе.

Поранешниот потпретседател на Зимбабве, Емерсон Мнангагва денеска треба да положи заклетва на должноста шеф на државата, со што ќе го наследи Роберт Мугабе, кој што управуваше со земјата 37 години.

Мнангагва е поранешен близок соработник Мугабе, но досегашниот претседател на почетокот на месецов го разреши од функцијата потпретседател под обвинение за „нелојалност“, откако влезе во отворен конфликт со неговата сопруга Грејс Мугабе.

Граѓаните на Зимбабве масовно ја поддржаа воената интервенција, бидејќи Мугабе стана сѐ непопуларен поради загрозувањето на човековите права и економската криза во земјата.