Северна Кореја: Казни и награди по драматичното бегство

24.11.2017 11:11

Американски и јужнокорејски војници го заштитиле војникот и му укажале лекарска помош поради тешките повреди. Тој е во болница во стабилна состојба, а војниците на Јужна Кореја и на САД биле одликувани за помошта што му ја укажале.

Армијата на Северна Кореја ги смени сите граничари од делот на границата со Јужна Кореја каде што минатата недела еден нејзин војник успеа да избега. Снимките од инцидентот покажаа како војникот со џип стигнува до јужнокорејскиот дел од границата и потоа трча на југ, додека неколку севернокорејски војници пукаат по него.

Американски и јужнокорејски војници го заштитиле војникот и му укажале лекарска помош поради тешките повреди. Тој е во болница во стабилна состојба, а војниците на Јужна Кореја и на САД биле одликувани за помошта што му ја укажале.

Границата меѓу Северна и Јужна Кореја е една од најобезбедуваните граници во светот, со голема концентрација на сили од двете страни.