Саудиска Арабија ќе купи американско оружје

24.11.2017 12:11

Се претпоставува дека некои конгресмени ќе се спротивстават на зделката, бидејќи американското оружје е причина за смртта на цивили при саудискиот напад во Јемен.

Саудиска Арабија реши да купи оружје во вредност од седум милијарди долари, произведено од компании за воена индустрија на САД.

Се претпоставува дека некои конгресмени ќе се спротивстават на зделката, бидејќи американското оружје е причина за смртта на цивили при саудискиот напад во Јемен.

Договорот е дел од зделката за набавка на оружје во вредност од 110 милијарди долари, склучена за време на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Саудиска Арабија во мај годинава.