Брисел: Самит на источното партнертсво на ЕУ

24.11.2017 12:45

На самитот ќе се разговара за европската перспектива на тие држави, а од конкретните мерки се очекува да биде потпишан договор за партнерство со Ерменија.

Во Брисел денеска се одржува Самит на источното партнерство на ЕУ, со учество членките на унијата и шест земји од Источна Европа - Азербејџан, Белорусија, Грузија, Ерменија, Молдавија и Украина.

На самитот ќе се разговара за европската перспектива на тие држави, а од конкретните мерки се очекува да биде потпишан договор за партнерство со Ерменија.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко одби да учетвува на Самитот, а неговата земја ќе биде претставена од министерот за надворешни работи Владимир Макеи.

Покрај другите лидери на ЕУ, на самитот во Брисел ќе учествува и германската техничка канцеларка Ангела Меркел, која се соочува со политичка криза по неуспехот да формира коалициска влада.