Трамп: Ќе ги победиме исламистите и во Авганистан

24.11.2017 13:57

Претходно САД прогласија победа и над Исламската држава (ИД) во Ирак и Сирија, по неколкугодишната воена кампања...

Американскиот претседател Доналд Трамп во обраќање преку видео-врска до војниците од 82-та воздухопловно-десантна дивизија на Армијата на САД распоредени во Авганистан им го честитa Денот на благодарноста и најави победа над исламистите и во Авганистан.

Претходно САД прогласија победа и над Исламската држава (ИД) во Ирак и Сирија, по неколкугодишната воена кампања. За време на неговиот мандат, САД ја употребија најголемата ненуклеарна бомба во својот арсенал, „мајката на сите бомби“ во напад врз исламистичко упориште во Авганистан, а во тек е испраќање на дополнителни 4.000 војници како засилување на контингентот во таа земја.