Цапа се извини на Груевски

04.11.2013 21:20

Таулант Цапа во македонската Влада лично му се извини на Никола Груевски

Момчето кое пред една година го нападна автомобилот на македонскиот Премиер во Тирана денеска се покаја за својата постапка. Таулант Цапа во македонската Влада лично му се извини на Никола Груевски и изрази жалење за инцидентот. Цапа рекол дека можноста да се сретне со Груевски, претставува потврда за определбата за соживот и меѓусебно почитување. Премиерот му посака успех и среќа во животот.