Косово: Уапсени тројца пратеници од „Самоопределување“

24.11.2017 14:33

Освен Курти, уапсени се и уште двајца пратеници од движењето, Аљбуљен Хаџи и Доник Кадај Бујупи. Косовската полиција изврши и претрес во канцелариите на „Самоопределување“ во косовскиот Парламент.

Пратеникот на движењето самоопределување, Албин Курти, по кого трагаше косовската полиција врз основа на налогот за апсење што го издаде Основниот суд во Приштина, денеска е уапсен пред зградата на Собранието на Косово.

Освен Курти, уапсени се и уште двајца пратеници од движењето, Аљбуљен Хаџи и Доник Кадај Бујупи. Косовската полиција изврши и претрес во канцелариите на „Самоопределување“ во косовскиот Парламент.

Претходно неделава четворица пратеници од „Самоопределување“ требаше да се појават во Основниот суд во Приштина, поради фрлање солзавец во Парламентот.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај истакна дека жали поради апсењето на тројцата пратеници од „Самоопределување“, додека лидерот на движењето Висар Имери ја осуди постапката, оценувајќи ја како „брутална“ и додаде дека претставува продолжение на севкупниот прогон на „Самоопределување“ во последно време.

Косовската полиција употреби солзавец за да ги растера привризаниците на „Самоопределување“ кои се обиделе да го запрат полициското возило со кое беше превезуван Курти.