Во септември 71,2 отсто од потрошената струја од домашни извори

24.11.2017 14:21

Според податоците на Државниот завод за статистика, 71,2 отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство...

Македонија во септември годинава вкупно потрошила  506.157 мегават часови електрична енергија, 13.336 милиони нормални метри кубни природен гас, 391.928 тони јаглен и 85.266 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 71,2  отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а  96,8 отсто од вкупната количина јаглен е употребено за производство на струја.