Во Собранието почнува расправата по Предлог-буџетот за 2018 година

27.11.2017 08:06

Предложениот буџет е на дневен ред во матичната Комисијата за финансирање и буџет, каде според деловникот расправата трае 10 работни денови.

Во Собранието денеска почнува расправата по Предлог-буџетот за 2018 година. Предложениот буџет е на дневен ред во матичната Комисијата за финансирање и буџет, каде според деловникот расправата трае 10 работни денови.

Вкупните приходи за 2018 година се планираат на ниво од 193.512 милиони денари, а расходите се планирани  на ниво од 211.745 милиони денари, односно 3,4 милијарди евра. Вака планираните приходи и расходи резултираат со намалување на буџетскиот дефицит на ниво од 2,7 проценти од БДП или 18.233 милиони денари во апсолутен износ. Ќе се финансира од домашно и надворешно задолжување, а со цел да биде пониско задолжувањето, се зголемува акцизата на нафтата за три денари од 1 јануари 2018 година.

Ова ниво на дефицит, според Владата,  ја одразува определбата за постепена фискална консолидација, како резултат на строгата контрола и силната буџетска дисциплина при намалување на непродуктивните расходи, со истовремено обезбедување на значителен износ на капитални инвестиции и субвенции за поддршка на домашната економија, кои ќе обезбедат подобрување на економските перформанси.

Вкупните приходи за наредната година се поголеми за 4,7 проценти во однос на оваа година, додека приходите за 4,1 процент.