Брегзит

Европските банки повлекуваат пари од Британија

27.11.2017 10:25

Причина за трендот за кој се прогнозира дека ќе продолжи до комплетирањето на процесот за Брегзит во март 2019-та година, се стравувањата од загуби и можните промени во правните норми...

Европските банки повлекле 350 милијарди евра од Велика Британија од јуни 2016-та година кога се одржа референдумот за излез од блокот до истиот период годинава.

Причина за трендот за кој се прогнозира дека ќе продолжи до комплетирањето на процесот за Брегзит во март 2019-та година, се стравувањата од загуби и можните промени во правните норми за регулирање на финансиските договори, заштитата на податоците и извршувањето на судските одлуки.