Германија: ЦДУ за коалиција со СДП

27.11.2017 13:17

Четвртиот мандат на Меркел е под знак прашалник по фијаското на тристраните преговори со Партијата на слободните демократи и со Зелените.

По четиричасовните разговори, водечките членови на Христијанско- демократската унија на германската канцеларка Ангела Меркел се согласија да продолжат со обидите за формирање на „голема коалиција“ со Социјалдемократската партија на Германија за да се излезе од политичкиот безизлез на најголемата економија во Европа.

Четвртиот мандат на Меркел е под знак прашалник по фијаското на тристраните преговори со Партијата на слободните демократи и со Зелените.

Од ЦДУ изјавија дека преговорите веројатно ќе почнат на почетокот на идната година. Идејата за голема коалиција има поддршка од 52% од германското население.