Земјотрес 6,2 степени во близина на Папуа Нова Гвинеја

27.11.2017 14:00

Епицентарот бил на 125 километри источно од градот Рабаул на пацифичкиот остров, во длабочина од 70 километри.

Нема жртви и повредени во земјотресот од 6,2 рихтера на Папуа Нова Гвинеја, соопшти американскиот Геолошки институт.

Епицентарот бил на 125 километри источно од градот Рабаул на пацифичкиот остров, во длабочина од 70 километри.

Засега нема информации за евентуални жртви и материјална штета.