Шест милиони евра за развој на Скопскиот плански регион

27.11.2017 15:31

Вкупно шест милиони евра идната година ќе бидат наменети за развој на Скопскиот плански регион, заклучено на денешната основачка седница...

Шест милиони евра идната година ќе бидат наменети за развој на Скопскиот плански регион. 17 општини ќе имаат можност преку проекти да ги развиваат руралните места. Од ресорното министерството велат- локалните самоуправи ќе добијат целосна подршка за инфраструктура во селата, вода и подобар живот.

Градоначалниците од Скопскиот плански регион ја одржаа конститутивната седница. Од следната недела почнуваат со изготвување проектна документација. Лоцирани се проблемите на кои треба да се работи за да се обезбедеи рамномерен регионален развој.

Преку проект кој ќе се реализира во соработка со Швајцарската влада, централната власт од идниот месец ќе има увид во целосната финансиска подршка што ќе ја добиваат сите општини.

Дијана Ценевска