Словачкиот премиер одработи ноќна смена во фабрика

27.11.2017 17:02

Словачкиот премиер одработи осумчасовна ноќна смена во фабрика. Фицо се солидаризираше со работниците. Тие бараат повисоки плати, бонуси и надомест за работа за време на викенд.

Словачкиот премиер Роберт Фицо се реши на необичен потег. Тој во знак на солидарност со работниците кои бараат зголемување на платите, синоќа одработи осумчасовна ноќна смена на подвижна лента во една фабрика северно од Братислава, со што предизвика лавина реакции од претпремачите. Словачка е членка на Унијата со размерно ниски плати, и поради тоа западните фирми го селат производството таму.

Со прелог- законот што го предложија Социјалдемократите на премиерот Фицо се превидува еден час ноќна робота да се плаќа, 1,40 евра во однос на сегашните 50 центи. Покрај тоа, подобро би се наплатувала и работата во неделите, така што работниот еден час би се зголемил за 100 насто, наместо досегашните 50 насто.

„Не сакав да попуштам, врз оснава на доброволна работа сакав нешто и да направам, Го знам и тоа- отпорот од некои претпреиемачи ќе биде голем, особено кога станува збор за ноќните бонуси, и верувам дека нашиот закон со време ќе биде изгласан во парламентот“, изјави премиерот Фицо.

„Ќе ги соопштиме анализите до кои дојдовме. Постојат фирми од автомобилската индустрија и мултинационални компании коишто веќе исплаќаат бонуси за ноќните смени“, вели Ратислав Машунка, председател на Здржението на претпремачи на Словачка.

Според статистичките податоци на Евростарт, Словачка во последните 15 години достигна голем напредок. Некогашната сиромашна земја на истокот од Европа успеа да стане прва пазарна економија во Унијата, го воведе еврото и привлече странски инвенстиции, и на крај се вброи меѓу најголемите произведувачи на автомобили во светот, во однос на бројката на население.

Автомобилската индустрија во оваа земја изнесува околу 44 насто од вкупното индустриско производство и 35 насто од извозот. Вредноста на оваа гранка изнесува 17 милијарди евра со над 250.000 вработени.

 

Мирјана Василева