Спречен терористички напад во Мелбурн

28.11.2017 10:34

Во 2014-та година, австралиските власти го зголемија нивото на закана од тероризам.

Дваесетгодишен маж беше уапсен во околината на Мелбурн под сомнение дека планирал терористички напад за новогодишната ноќ. Ако се докаже вината, добива доживотна затворска казна.

Во 2014-та година, австралиските власти го зголемија нивото на закана од тероризам. Оттогаш се осуетени 13 напади, вклучувајќи и еден планиран од Исламска држава.