Индонезија

Властите тврдат дека ерупцијата на Агунг е неминовна

28.11.2017 11:12

Првата голема ерупција на Агунг на островот Бали е неминовна бидејќи лава веќе почнала да излегува од кратерот.

Индонезиските власти предупредија дека првата голема ерупција на Агунг на островот Бали е неминовна бидејќи лава веќе почнала да излегува од кратерот.

Меѓународниот аеродром е затворен и во следните 24 часа. 40.000 луѓе се веќе евакуирани, но областа за евакуација ќе се проширува.