Европа

Германија: Нападнат политичар од ЦДУ

28.11.2017 12:37

Полицијата го уапси напаѓачот кој бил револтиран од либералната азилантска политика којашто ја застапува Холштајн.

Градоначалникот на Алтена, западна Германија, Андреас Холштајн, беше повреден откако пијан маж го прободел со нож во вратот.

Полицијата го уапси напаѓачот кој бил револтиран од либералната азилантска политика којашто ја застапува Холштајн.

Во Алтена засега се сместени повеќе бегалци од пропишаното. Холштајн е член на Христијанско- демократската унија на канцеларката Ангела Меркел.